Според Barkeley Earth (www.barkeleyearth.org), организација која ги истражува климатските промени и загадувањето,  една цигара на ден е од прилика исто со 22 микрограми/м3 ниво на загадување од пм 2,5 честичките во воздухот. Дуплото загадување од ова е еднакво на две цигари на ден. Но за разлика од димот од цигари кои го вдишуваат пушачите и оние непушачи кои мораат или се согласуваат да се во нивна близина, загадувањето во воздухот стигнува до сите. 
Според ЕПА (Американската Агенција за заштита на околината) во Америка средната вредност на загаденоста на воздухот од пм 2,5 честичките е 9 микрограми/м3 и тоа е еднакво на 0,41 цигара на ден. За разлика од Америка, во Пекинг на пример, средната вредност на загаденоста на воздухот од пм 2,5 честичките е 85 микрограми/м3 и тоа е еднакво на 4 цигари на ден. 

Во лоши денови кога се мерат и до 550 микрограми/м3 од пм 2,5 честичките, луѓето како да испушиле 25 цигари на ден.
Дополнително, тимот на Ionic CARE MK имал можност да види како изгледа еден неизмиен филтер од Ionic CARE Triton X6 прочистувачот на воздух за само еден ден користење во просторија во која се пуши, а истото ќе пробаме да ви го доловиме во некој од наредните натписи. Затоа ви препорачуваме, пробајте да ги намалите или целосно да ги отстраните цигарите од домот или работното место каде престојувате подолго во текот на денот и тоа не само вие, туку многу често и вам блиски драги лица кои не се пушачи.