Ionic CARE прочистувачот на воздух, како и другите прочистувачи, не се препорачува да се користи во простории во кои влажноста на воздухот е над 60 %. А што тоа значи... знаеме дека хидрација е важна за нашата кожа и нашето тело, но дали знаеме кое е соодветното ниво на хидратација (влажност) во нашите простории, зошто е тоа важно и како истото да го препознаеме и постигнеме?   

Идеално ниво на влажност во просториите е околу 45%, и се што е под 30% и над 60% е премногу ниско или премногу високо ниво на влажност. Зголеменото, но и намаленото ниво на влажност на воздухот во просториите доведува до здравствени потешкотии (зголемена подложност на настинки, болки во грлото), ширење на вируси и габи, сува кожа и коса и сл.

Не секогаш можеме да почувствуваме дали воздухот во просторијата е премногу сув или премногу влажен, но еве неки знаци кои можат да ни помогнат во тоа.




  • Замаглени прозорци, посебно во зима, влажни и мувлосани ѕидови и ќошови, се знаци дека во просторијата можеби има премногу влага
  • Зголемено ниво на статички електроцитет околу нас и на нас, испукани суви ѕидови или дрвен мебел, се знаци дека во просторијата можеби има премалку влага. Ова исто така се случува најчесто во зима кога греењето го суши воздухот.

За да ја намалите влажноста на воздухот во просторијата дозволете и на просторијата да дише-секогаш имајте подотворен барем еден прозорец или отворете ги прозореците повеќе доколку надвор воздухот не е влажен, избегнувајте да создавате многу пареа при готвење, користете капаци на тенџерињата и вклучете го аспиратотот, а доколку е портебно набавете и одвлажнувач на воздух.

За да ја зголемите пак влажноста на воздухот поставете украсни садови со вода на радијаторите во зима и не заборавајте редовно да ги надополнувате бидејќи водата од нив бргу ќе испари, внесете растенија во просторијата, а доколку е потребно набавете и навлажнувач на воздух.