Веќе на сите ни е познато дека воздухот кој го дишеме е чист тогаш кога ПМ (particulate matter) честичките во него се под дозволената граница. Дозволената граница за ПМ честички со големина од 2,5 микрони (или пм 2,5) е 25 мг/м3, а за поголемите честички од 10 микрони (или пм 10) е 50 мг/м3.

Како што можете да забележите, изразите 25 мг/м3 и 50 мг/м3 означуваат тежина на честичките во микрограми, а не нивниот број. Што значи тоа?

Системите за мерење на ПМ честичките во амбиентниот воздух ја мерат нивната концентрација според тежина. Tие го фаќаат примерокот на воздух и  ја мерат неговата тежина, па согласно ја утврдуваат тежината на ПМ честичките во него во бројќи како што се на пример: 25 мг/м3, 50 мг/м3 или при големи загадување над 100 мг/м3.

За разлика од ваквиот метод на мерење на ПМ честички во воздухот, постои и мерење на точниот број на ПМ честички. Овој метод се користи во таканаречените „Чисти простории“. Тоа се разни лаборатории, операциони сали и други простории каде, заради нивната намена, потребно е истите да бидат многу чисти. Па така, додека воздухот во една типична урбана средина содржи околу 35.000.000 (35 милиони!) честички со големина од 0,5 микрони и поголени на м3, во „Чистите простории“ со степен на чистота 1, се бара нивниот број да биде 15 на м3!!!

Ionic CARE ја користи и оваа втора метода на мерење на ПМ честичките, каде мерењето се врши по број на честички. Интересно нели?