Микронот e мерка за должина која означува милионити дел од метарот, па затоа се нарекува и микрометар. 

Се бележи со грчката буква µ (микрон), или µ m (микро-метар). Па така, честичките со големина од еден микрон, односно еден микрометар се големи колку еден милионити дел од метарот, или 1/1.000.000m. 

Поинаку кажано, тие се голема колку стотиот дел од милиметарот и затоа не можеме да ја видиме со голо око. 

За споредба, црвените крвни зрнца кај човекот се со големина од приближно 5 µ , бактериите се со големина од 2-3 µ , а вирусите се дури 100 пати помали од бактериите, што значи тие се од прилика 0,2-0,3 µ.

Дури и во најчистите денови разни микрочестички се насекаде околу нас, во воздухот, налепени за земја, како и во нашите домови. Тие леттат во воздухот и со секој здив што ќе го земеме ние ги вдишуваме.