Прочистувачите на воздух со електростатски филтер и покрај тоа што се побавни при прочистувањето на воздухот (наместо за 1 час тие ќе го прочистат воздухот во просторијата за 3 часа), сепак имаат неколку големи предности над другите видови на филтри. Тие поседуваат траен филтер кој не треба да се заменува со нов, трошат малку струја и се потполно бесшумни.  Бидејќи нивниот филтер е дизајниран за редовно да се мие/брише, корисниците не само што добиваат економичен траен филтер кој не треба да се заменува со нов, туку имаат можност да уживаат и во доблеста на секогаш чистиот филтер. Ова е од особена важност, имајќи во предвид дека ефикасноста кај филтерот, каков и да е тој (хепа филтер, електростатски филтер или воден филтер) зависи од неговата чистота, односно заситеноста или незаситеноста на филтерот со прашина.