Секако дека најважно кај сметката за струја е цената на потрошена електрична енергија. За да влијаеме врз сметката за струја треба да знаеме што се крие зад изразот KW/h (кило-ват на час), колку чини еден 
KW/h струја и како да пресметаме колку KW/h-ви стрија не чини работењето на електричните уреди во домот.

1 KW е еднаков на 1000 W, па електричен уред кој работи на 1000 W за 1 час работа ќе потроши 1 KW/h струја.

Од 1 август 2020 година скапата тарифа за 1 KW/h струја изнесува 5,95 денари, а ефтината тарифа 2,99 денари.

Наредното прашање е кој уред колку троши. Од прилика тоа изгледа вака:
Плазма телевизор кој работи на 160W (0,16KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 6,2 часа работа,
Машина за перење алишта која работи на 500W(0,5KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 2 часа работа,
Правосмукалка која работи на 1300W (1,3KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 0,7 часа работа,
Блендер за храна кој работи на 1100W (1,1KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 0,9 часа работа,
Обична сијалица која работи на 100W (0,1KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 10 часа работа,
Штедлива сијалица која работи на 12W (0,012KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 83 часа работ,
Ionic-CARE прочистувачот на воздух со траен филтер кој работи на 12W (0,012KW) ќе потроши 1 KW/h струја за 83 часа работа.

За да знаеме колку пари не чини работењето на секој електричен уред во домот на месечно ниво се што треба да направиме е да пресметаме колку часа месечно го користиме уредот, да ја помножиме таа бројка со неговата кило-ватажа (KW), а потоа добиениот резултат да го помножиме со цената на струјата за 1 KW/h.

На пример, плазма телевизор кој работи на 0,16KW, за 180 часа работа месечно (цирка 6 часа работа дневно) ќе потроши 28,8 KW/h струја, а тоа помножено со цирка 5 денари за 1 KW/h струја изнесува 144 денари месечно само за еден телевизор.
Обична сијалица која работи на 0,100KW, за 150 часа работа месечно (цирка 5 часа работа дневно) ќе потроши 15 KW/h струја, а тоа помножено со 5 денари за 1 KW/h струја изнесува 75 денари за една сијалица месечно.

За разлика, една штедлива сијалица која работи на 0,012KW,  за 150 часа работа месечно (цирка 5 часа работа дневно) ќе потроши 1,8KW/h струја , а тоа помножено со цирка 5 денари за 1 KW/h струја изнесува 9 денари за една штедлива сијалица месечно.
Ionic-CARE прочистувачот на воздух со траен филтер и јонизатор, кој исто како штедливата сијалица работи на 0,012KW, за 720 часа работа (24 часа работа дневно) ќе потроши 8,6KW/h струја, а тоа помножено со цирка 5 денари за 1 KW/h струја изнесува 43 денари за еден Ionic CARE прочистувач на воздух со траен филтер и со јонизатор месечно.

Размислувањето околу потрошувачката на струја не застанува само кај цената. Имајќи во предвид дека најголемото количество на струја за жал сеуште ја добиваме со искористување на ресурси, а не преку обновливи извори на енергија, потрошувачката на струја е директно поврзана и со загадувањето на животната средина. 

    Ionic CARE MK