Негативните јони како технологија на прочистување на воздухот е широко прифатена од страна на многу производители на прочистувачи на воздух, па ја вградуваат во своите производи дури и оние кои инаку користат филтри како основна технологија на прочистување на воздухот. Па така, јонизација нудат и прочистувачите Zepter Therapy Air iOn, Winix P150 и многу други. Причината е едноставна, негативните јони освен што го прочистуваат воздухот, тие и го подобруваат неговиот квалитет, па делуваат позитивно на здравјето на луѓето. Негативните јони го зголемуваат протокот на кислород во крвта што резултира со имунолошка стабилност, виталност, смиреност и полесно опоравување од здравствени потешкотии.