Мерење во природни услови (сала за состаноци) со LIGHTHOUSE професионален мерач сетиран да мери број на честички во м3 со различна големина (од 0,5 до 10 микрометри - ПМ 0,5 до ПМ10). Прочистувачот на воздух за неколку часа бесшумна работа најмалку што направи го преполови бројот на ПМ честичките во просторијата и тоа:

- ПМ 0,5 од 4.708.151 на 2.106.166

- ПМ 0,7 од 1.254.379 на 546.671

- ПМ 1 од 779.747 на 339.020

- ПМ 3 од 42.377 на 12.713

- ПМ 5 од 38.139 на 4.237

Овој прочистувач е наменет постојано да биде вклучен, тој е мал потрошувач (троши помалку од 2 денари струја за 24 часа работа затоа што работи на само 12 вати), а е и потполно бесшумен па е погоден и за во простории каде е потребен мир и тишина (спални соби, канцеларии и сл.)