Проветрувањето на просториите е особено важно да се врши редовно, барем еднаш до два пати во текот на денот и тоа во текот на сите годишни времиња. Проветрувањето вршете го секогаш кога тоа е можно, особено кога воздухот надвор е чист, свеж и пријатен.  Дали отворениот прозорец влијае на прочистувачите на воздух и нивната ефикасност? Да, секако дека влијае и може да ја намали нивната ефикасноста додека трае проветрувањето, особено доколку воздухот надвор е позагаден, па прочистувачот логично има дополнителни загадувачи кои треба да ги прочисти, а кои влегуваат однадвор. Но да не заборавиме дека воздухот може да биде загаден и одвнатре, особено по бојадисување на домот, при испарувања од готвење, дим од цигари, отворен оган (камин) и сл.