Поленот е машката јајце клетка на растението која служи за размножување.

Поленот содржи протеин кој најчесто е причината која стои зад некои алергиски реакции.

И покрај тоа што тој не е штетен за луѓето, некои луѓе се премногу сензитивни и нивниот имунолошки систем создава антитела за да се борат против поленот.

Тие пак предизвикуваат организмот да создаде хистамин кој ги шири крвните садови и резултира со симптоми на алергија како што е растечен нос или отекување околу очите.

Не сиот полен е алерген.

Цветовите кои обично се напрашуваат со пренос на поленот со помош на инсекти најчесто не се алегени, за разлика од оние растенија кои го користат ветрот како преносник на поленот.

Па така, најчести алергени растенија се различните видови на треви и дрвја чиј полен го разнесува ветрот за да се размножат.