Користењето на инструменти кои прскаат вода и воздух во вид на спреј во стоматолошките ординации и клиники постојано создава загадување на воздухот во тие простории. Science Direct (www.sciencedirect.com) објавува студија за користењето на негативните јони против микро загадувачите на воздухот во стоматолошка клиника во Финска. Податоците сугерираат дека негативната јонизација значително го намалува загадувањето на воздухот од микроорганизми во стоматолошките ординации и клиники, па на таков начин ја намалува и потенцијалната опасност од инфекции кај вработените.