На веб страната на американската Национална агенција за биотехнологија (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/) на 28 октомври 2018 година е објавен труд под наслов „Негативните воздушни јони и нивниот ефект врз човековото здравје и подобрувањето на квалитетот на воздухот“. Тројца научници истражувале три различни датабази на податоци кои опфаќаат период од 100 години (1918-2018) од кои успеале да извлечат бројни информации и референци на прашањето „Дали негативните јони се делотворни за луѓето, животните и растенијата и дали истите се ефикасни за намалување на бројот на ПМ честички во воздухот.“
Во своите заклучоци тие наведуваат дека концентрацијата на негативни јони (НЈ) што надминува 1000 -јони/см3, се смета за вредност на чист воздух, а за да дојде до зајакнување на човечкиот имунолошки систем таа концентрацијата треба да биде и поголема. Тие истражувале голем број на извештаи (чии оригиналнни текстови се посочени во онлајн линкови) кои, и покрај тоа што не се потполно конзистентни, покажуваат дека изложеноста на НЈ има широки ефекти врз здравјето на животните/луѓето, анти-микроорганизмите (се намалува концентрацијата на микроорганизми), како и позитивни ефекти на растот на растенијата. Ефектите на НЈ врз здравјето на луѓето и животните главно се фокусираат на кардиоваскуларниот систем, како и на менталното здравје. Ефектите на НЈ врз кардиоваскуларниот систем вклучуваат подобрување на деформитетите кај еритроцитите и аеробниот метаболизам, како и намалување на крвниот притисок. На менталното здравје, изложеноста на НЈ покажала значително зголемување на перформансите на сите тестирани задачи (отсликување, ротирачко извршување, време на визуелна реакција и аудитивни способности), олеснувајќи ги исто така симптомите на сезонско афективно нарушување. Слични ефекти имале НЈ и при олеснување на симптомите на нарушено расположение и хронична депресија. Покрај тоа, некои извештаи ги покажале и ефектите на НЈ врз инхибицијата на клетките на ракот. Присуството на НЈ генерално покажало дека го подобрува психолошкото здравје, продуктивноста и целокупната благосостојба.
Извештаите исто така покажале дека НЈ се поврзуваат со честичките во воздухот, како што се прашина, спори од мувла и други алергени, па како резултат, луѓето во атмосфера богата со НЈ имаат ублажени симптоми на алергија на овие честички.

Слично на тоа, многу извештаи ги претстават ефектите на НЈ врз размножувањето на микроорганизмите. Поголемиот дел од студиите се фокусирале на бактериите и тоа дека присуството на висока концентрација на НЈ го спречува нивното размножување, врши нивна инактивација или инхибиција ( E. coli, Candida albicans, Staphylococcus aureus, P. fluorescens и сл). НЈ спречиле 60% од инфекција со туберкулоза (ТБ) . Освен инхибицискиот ефект на НЈ врз бактериите, извештаите исто така покажале дека НЈ го инхибираат растот и на габите и вирусите.

Покрај животните/луѓето и микроорганизмите, растенијата исто така реагираале на изложеноста на НЈ. По третманот со НЈ на Avena sativa, свежата и сувата тежина се зголемиле, а исто така се зголемила и средната должина на стеблото. Потрошувачката на кислород била зголемена во садници од јачмен по изложеноста на НЈ по што висината на растенијата се зголемила за 13-15%.
Присуството на негативни јони во воздухот е неминовно, особено во природата и незагадените средини. Основните начини на нивно создавање се преку: различните видови на природни космички зраци и радијација (алфа, бета и гама зраците) кои создаваат над 500 -јони/см3, сончевата светлива вклучително и ултравиолетовите зраци, кои создаваат од 300-3000 -јони/см3 зависно од времетраењето, природните и виштачките електрични празнења вклучувајќи ги овде молњите и грмотевиците, кои создаваат над 100.000 -јони/см3, прскањето на вода (познато како Ленардов ефект или ефект на водопад), како и од растенијата, кои во нормални услови создаваат во просек помалку од 200 -јони/см3, но третирани со „пулсирачко електрично поле“ според извршени истражувања можат да создадат од 4000 до 3.000.000 -јони/см3, зависно од видот на растението. Општо, генерираните НЈ не се стабилни и постепено ќе се распаднат, се додека не се создадат нови.
Научниците потврдуваат дека НЈ во воздухот се откриени пред повеќе од 100 години, и дека генератори на НЈ се денес широко достапни за домашна или индустриска употреба, како и тоа дека разни нови технологии се развиени и користени за понатамошно подобрување на производството на НЈ со намалување на ослободувањето на нуспроизводен озон. Тие потврдуваат дека постојат цврсти докази кои покажаат дека НЈ се високо-ефикасни при намалување на концентрацијата на ПМ честичките во воздухот, обезбедувајќи алтернативен начин за чистење на воздухот во затворени простории. Тие препорачуваат да се направат понатамошни напори за понатамошно подобрување на испуштањето на НЈ со нови методи или уреди, така што НЈ може да се користат уште пошироко за чистење на воздухот, со посебен фокус на системите за производство на НЈ од страна на растенијата, бидејќи овие се релативно нови системи за производство на НЈ.
Целиот текст во оригинал можете да го превземете на следниот линк: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6213340/