Кога времето тоа го дозволува, а воздухот надвор е чист и пријатен, па дури и да е зима, велосипедот може да го направи вашиот вообичаен ден различно убав. Наместо секојдневното возење со кола до работа и назад, барање место за паркинг и сето тоа проследено со мали или поголеми нервози, овозможете си барем два пати во неделата едно поинакво искуство. Во многу европски земји е во тек револуција на бројот на луѓе кои користат велосипеди за да стигнат до работа и назад. Бенефитите од возење велосипед до работа и назад наместо користење на автомобил или јавен транспорт се големи, а најочигледни се малите трошоци и физичкото и ментално здравје. Сепак, одењето со велосипед до работа и назад има свои предизвици за кои треба да бидете претходно подготвени:
- Одберете велосипед кој одговара на вашите потреби и временски услови, кој има ноќна сигнализација и добра сигурносна брава!
-Одберете соодветна торба, најдобро ранец, за работите кои ги носите со вас!
-Возете со самодоверба, сигурно и изберете ја најдобрата рута претходно!
-Чувајте чевли на работа за да можете да ги замените патиките со кои возите!
-Уживајте!