Секое прочистување на воздухот со фаќање (отстранување) на летечката микро прашина (airborne dust) на која патогените можат да се налепат и преку која можеме да ги вдишеме, и отстранување на микроскопските аеросоли (микро капка или тврда супстанца/вирус заробена во гас) од воздухот  е функционален начин да се намали морбидитетот.

Кажано лаички, ако ги отстраниме патогените микроорганизми од воздухот кој го дишеме, ќе се намали веројатноста за појава на заболувања. Ова е слично со намалувањето на количината на патогени кои се налепуваат на кожата на рацете при често миење на рацете.

Овие денови прашањето дали  користењето на прочистувач на воздух со вграден воздушен јонизатор може да придонесе да се намали ширењето на вирусите низ воздухот, е често поставувано.

Согласно мерењата направени од страна на Микробиолошкиот институт во Храдец Кралове, Р.Чешка, врз Ionic-CARE прочистувачот на воздух со траен филтер и со јонизатор (види референци подолу), може слободно да се каже дека употребата на прочистувач на воздух со јонизатор може да го намали количеството на патогени содржани во воздухот во затворен простор.

Речиси е невозможно да се утврди точниот број на општата ефикасност при дезинфекција бидејќи тоа зависи од патогенот. Секој вирус и бактерија бара малку поинакви идеални услови за преживување и/или размножување  (влажност, температура, движење на воздух) и покажува големи дискрепанци дури и во минимално различни услови.

Исто така постојат значителни разлики и во самите вируси. Како што веќе сите до некаде сме запознаени, некои вируси умираат многу бргу откако капката во која се наоѓаат ќе се исуши, други преживуваат подолго. Некои сами живеат кратко - тие летаат само неколку сантиметри низ воздухот, но можат да преживеат многу подолго ако се прилепат на површината на прашнастите воздушни честички, заедно со кои доаѓа до нивно вдишување. Истото важи и за бактериите.

Важно е да се обрати внимание и на самата негативна јонизација на воздухот, неопходноста од истата и нејзините благотворни ефекти.

За негативните јони постојат многу истражувања кои потврдуваат дека се тие многу важни за психофизичкото здравје, особено за кардиоваскуларниот систем, но и за менталното здравје (при борба со нарушено расположение и хронична депресија). Но, уште поважно е што истражувањата потврдуваат и дека тие имаат способност да ги уништуваат патогените од воздухот.

Студија спроведена во 2016 година врз пет видови на бактерии (види референци подолу), укажува дека негативната јонизација може да биде дури и 60% ефикасна при уништување на патогените, зависно од патогенот.

Слична таква студија е спроведена и во Италија неодамна, во октомври 2019 година (види референци подолу), каде се заклучува дека јонизаторите може да станат ветувачки алтернативен третман за намалување на микробите на различни полиња, вклучувајќи ги и здравствените институции.

Во претходните наши статии (блогови) имаме зборувано и објавувано многу околу благотворните дејства на негативните јони. Исто така имаме зборувано за тоа колкав е нивниот број во природата, за разлика од незначителните бројки во затворените простории и урбаните средини. Истото беше неодамна потврдено и од страна на д-р Драган Даниловски, епидемиолог,  и д-р Никола Пановски, микробиолог, (види референци подолу). Тие препорачуваат дека прошетките во природа (препорачливо шума) би требало да траат минимум 30 минути секој ден за телото да може да прими јонизиран воздух.

А ние ќе се надополниме на сето тоа и ќе кажеме дека Ionic-CARE прочистувачот на воздух со вграден јонизатот и со траен филтер ќе се потруди да Ви обезбеди да дишете чист и јонизиран воздух и во вашиот дом.

Референтна литература:
- Ефектот на јонизација врз бактериите, BMC Microbiol. 2016; 16: 173. Published online 2016 Jul 30. Author: Jin-Soo Park,1 Bong-Jo Sung,2 Kyung-Soo Yoon,2 and Choon-Soo Jeong PMCID: PMC4967512, PMID: 27475908, Escherichia coli, Staphylococcus aureus, Bacillus subtilis and Enterococcus faecalis., https://www.ncbi.nlm.nih.gov/p...

Use of Negative and Positive Ions for Reducing Bacterial Pathogens to Control Infections, Giuliana Banche, Maria Rita Iannantuoni*, Andrea Musumeci, Valeria Allizond and Anna Maria CuffiniDepartment of Public Health and Paediatrics, University of Torino, Turin, Italy, Published: October 14, 2019, ASMI:2019.02.0395
https://actascientific.com/ASM...

- Негативните јони и нивниот ефект врз човековото здравје и подобрувањето на квалитетот на воздухот
, Published online 2018 Септ 28., Author: Shu-Ye Jiang, Ali Ma, and Srinivasan Ramachandran, PMID: 30274196, https://www.ncbi.nlm.nih.gov/p...

- Протокол за мерење на дезинфекционото дејство на уредот Ionic-CARE Triton X6, https://ioniccaremk.com

- Вонредна состојба: Децата да шетаат надвор, но на безбедно! Им треба јонизиран кислород, објавено на 31.03.2020 на порталот deca.mk каде се истакнуваат мислења на д-р Драган Даниловски, епидемиолог, и д-р Никола Пановски, микробиолог https://deca.mk/vonredna-sosto...