На страната на Американскиот национален здравствен институт-Национална медицинска библиотека (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/p...) во 2015 година е објавен труд под наслов „Јонизираниот воздух делува врз инфективноста на вирусот инфлуенца и спречува негово пренесување низ воздухот“. Трудот е изработен од шест шведски доктори, микробиолози и молекуларни виролози чии имиња и биографии се објавени на линкот.

Тие користеле мал уред за прочистување на воздухот по пат на јонизација, кој работи по принципот на технологијата која ја користи и Ionic-CARE прочистувачот на воздух со јонизатор. Имено, јонизаторот создавал негативни јони кои им давале негативен набој на честичките/аеросолите во воздухот и кои потоа ги привлекувал на позитивно наелектризираните колекторски прачки. Токму затоа ваквите трудови за нас се од особено значење и се трудиме да ги имаме објавено на нашата веб страна за да можете и Вие да се запознаете со истите.

Во сижето на нивното истражување тие потенцираат дека со употреба на јонизаторот била направена ефикасна превенција од инфекција со вирус инфлуенца А (вирус Панама 99) кај животни. Еве како се реализирал експериментот:

Четири заморчиња сместени во кафез „А“ биле заразени интраназално со инфлуенца вирус. По 30 часа од инфекцијата четири други заморчиња биле сместени во кафез „Б“ оддалечен 15 см од кафезот „А“. Помеѓу двата кафеза  бил поставен јонизаторот.  Два идентични теста биле направени, едниот тест со исклучен јонизатор помеѓу двата кафеза, а другиот тест со  вклучен јонизатор. 

Четирите заморчиња од кафезот „Б“ биле изложени 24 часа на воздух кој се движел од кафезот „А“ (оној со заразените заморчиња) кон нив.  Потоа тие биле ставени 21 ден во четири посебни кафези со вклучена вентилација која требало да осигури дека единствениот начин на кои тие биле во контакт со вирусот се тие 24 часа претходно, кога биле изложени на воздух од инфицираните заморчиња.

При првиот тест, кога не бил вклучен јонизаторот, три од четирите заморчиња од кафезот „Б“ развиле серум специфичен за имунолошка реакција на инфлуенца вирусот, што значи дека дошле во контакт со вирусот. За разлика од тоа, при вториот тест, кога јонизаторот помеѓу двата кафеза бил вклучен, ниедно од заморчињата од кафезот „Б“ не развило серум специфичен за имунолошка реакција од инфлуенца вирусот, што значи дека тие воопшто не дошле во контакт со вирусот. Дотолку повеќе, на колекторските прачки од уредот кога бил вклучен, но не и кога бил исклучен, била детектирана РНА (рибонуклеинска киселина) на вирусот, укажувајќи дека уредот навистина го собрал вирусот кој доаѓал од заразените заморчиња во кафезот „А“ кон кафезот „Б“.

Истовремено,  тие докажале дека уредот ефективно успеал да зароби и други вируси кои се пренесуваат низ воздухот. Тие извршиле посебен експеримент со  каливирус (кој е мачкин вирус, а го користеле како сурогат за човечкиот норовирус), ротавирус и инфлуенца вирусот. Вирусите со кои експериментирале биле идентификувани заробени на металните колекторски прачки на уредот додека тој работел, за разлика од тоа кога тој не работел.

Дополнителен интересен податок кој студијата го зачнува е и дека самите вируси заробени на колекторските прачки на уредот имале изгубено од својата вирозност. Губењето на вирозноста на вирусите не дошло ниту заради озонот (заради тоа што тој бил во исклучително ниски граници), нитуи заради позитивно наелектризираните прачки. Единствена причина за губење на вирозноста на вирусите биле негативните јони и нивната способност да уништат дел од структурата на самиот вирус.