Ionic-CARE освен што го прочистува воздухот, тој е и моќен воздушен јонизатор. На
само 50 см од уредот произведува негативни јони од 420.000/см3, на 100 см од уредот 48.000/см3, на 150 см
од уредот 46.000/см3, на 200 см од уредот 3300/см3 и на 250см од уредот
270/см3 (види мерења во оригинал и превод подолу). Нивната бројка брзо се намалува кога уредот не работи, а истите бележат стабилизирање (задржување) во
просторијата по повеке од 4 часа работа на уредот.
Негативни јони се
особено важни за нас, за нашето здравје и благосостојба. Тие имаат позитивен ефект врз
респираторниот систем и
го забрзуваат само-чистењето на белите дробови, даваат поддршка за
формирање на
ензими кои влијаат на еластичноста на дишните патишта, ја стимулираат
функцијата на
ендокрините жлезди, ја подобруваат функцијата на тироидната жлезда, ги
стимулираат
надбубрежните жлезди кои помагаат да се справиме со стресот, ја
зголемуваат силата на
мускулите, позитивно влијаат на
невротиката и луѓето кои страдаат од нарушувања на спиењето, го
забрзуваат зараснувањето на рани и
изгореници и имаат корисен ефект врз
хипертоничните лекови, предизвикувајќи пад на крвниот притисок.
Силите на природата произведуваат и негативни и позитивни јони, и тие се во одреден оптимален природен однос (4:5). Количеството на
негативни јони се зголемува онаму каде енергичните движења на воздухот и
водата создаваат нивно изобилство. Еден од најголемите природни извори
на негативни јони е и постојаното распаѓање на радиоактивноста во кората на
земјата, но, бидејќи покриваме сè повеќе земја со бетон, го отсекуваме и нашиот најважен извор на
негативни јони. Загадениот и застоен воздух, климатизацијата, електричните полиња генерирани од
нашето мноштво уреди во домот, статичките полнежи и испарувања од синтетичките
влакна и градежни материјали, сите тие создаваат околина лишена од негативни јони
и преоптоварена со позитивни јони. Во просечна канцеларија нивото на негативни јони е
близу до нулата, додека во природата е помеѓу 800 - 100,000 јони на
см3. И во просечно домаќинство или на градска улица, вредностите на
јоните не се многу повисоки од 100 јони на см3. А токму во овие
простории го поминуваме поголемиот дел од времето!
Сериозноста на влијанието на јонските нерамнотежи
врз здравјето на луѓето е дефинитивно потврдена. Доминантноста на
штетни - позитивно наелектризирани јони е докажано дека предизвикува
главоболки, зголемен крвен притисок, нервоза, замор и може да предизвика
алергија, астма и депресија за само неколку недели (таканаречени цивилизациски заболувања).
Затоа апелираме за:
- престој во природа колку може почесто,
- проветрување на просториите минимум 3 пати на ден по 15 мин., а во простории
каде престојуваат поголем број на лица на секои два часа,
- употреба на Ionic-CARE во простории во кои најчесто се престојува.
НАПОМЕНА: Бидејќи секој уред кој врши негативна јонизација создава озон како нус производ, Ionic-CARE е особено безбеден во тој поглед. Посебен осврт во текот на неговите редовни тестирања и издадени протоколи се однесува на неговата безбедност во однос на количеството на озон, кој е далеку под дозволените вредности за апарати кои се користат во затворени простории (види мерења во оригинал и превод подолу).